Повеќе информации

+389 78 344 503

0
луѓе живеат со дијабетес во Македонија. Ние го засилуваме нивниот глас и се залагаме за причината за променанивното здравје.
0
луѓе на кои им е дијагностициран дијабетес секоја година. Обезбедуваме едукација, грижа и поддршка за да им помогнеме да живеат нормално.
0
луѓе во Македонија се изложени на висок ризик од дијабетес. Посветени сме да ги поддржиме и да ја зголемиме свесноста за дијабетот.

За нас

Што е нашата мисија?

Создавање дијабетес култура кај сите наши вклучени страни, со цел овозможување на континуиран пристап до најсовремена терапија за сите лица со дијабетес и градење модерни здравствени закони и општествено-социјални стандарди за овозможување еднаков третман на лицата со дијабетес.

Мерење шеќер

Апел

Барање за одбрана на силна политичка декларација за незаразни болести

Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Северна Македонија (UAPDNM), Меѓународната федерација за дијабетес (IDF) и глобалната заедница за НЗБ се длабоко загрижени што политичката декларација е ослабена во текот на преговорите. Апелираме до Владата на Република Северна Македојија, да го заштити текстот од понатамошно разредување и да побара силна политичка декларација со конкретни мерки што ќе придонесат за превенција и контрола на НЗБ.

До

  • г-ѓа Гордана Сиљановска Давкова – Претседател на РСП,
  • Владата на Република Северна Македонија,
  • Министерство за здравство
  • Министерство за надворешни работи и трговија,
  • Канцеларија на ООН во Скопје
  • Директор на Канцеларија на СЗО во Северна Македонија

Полноправно членство во IDF

Порака од претседателот на IDF, Prof. Peter Schwarz

Задоволство ми е да ве информирам дека Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија е официјално прифатен за полноправна членка на Меѓународната федерација за дијабетес (IDF) за време на нашето Генерално собрание одржано на 7-ми Април 2025 година. Во име на Одборот на IDF, би сакал да ви посакам добредојде и да ви се заблагодарам што се приклучивте на нашата растечка организација на Федерацијата на членки.

Ве охрабрувам да се вклучите во работата на IDF и да ни помогнете да ја постигнеме нашата мисија - да го подобриме животот на луѓето кои живеат со дијабетес и да го спречиме дијабетесот кај оние кои се изложени на ризик. Ние сме секогаш отворени за вашите повратни информации и ве охрабруваме да не одржувате ажурирани за вашата работа. Исто така, ве охрабрувам да останете во близок контакт со регионалната канцеларија на IDF за Европа.

Уште еднаш, добредојдовте во Меѓународната федерација за дијабетес. Со нетрпение очекуваме да ги слушнеме вашите идеи и перспективи.

Голем поздрав

Слатки горчини

“Слатки горчини” се раскази со животни приказни на пациенти со состојба на дијабетес мелитус.

Преку нив се откриваат сознанија за тоа што се може да му се случи на едно лице со дијабетес и како тие состојби понатаму се прифатени, но и какви последици можат да бидат предизвикани заради незнаење или непредвидливи ситуации. Сместени се реални стории од лица со Дијабетес, кои со задоволство ги споделија своите “слатки приказни” од некои свои “слатки моменти”. На секоја страна од оваа книга се извезени реални приказни од животот на пациенти кои секојдневно се борат со оваа болест. Нивните секојдневни битки, препреки и предизвици, со стигматизаиција, дискриминација и соочување со соптвеното тело.  Преточени во кратки текстови и песни имаат за цел да допрат до секого и да откријат една слатко горчлива вистина како е да се живее со оваа болест. 
Сите собрани текстови пренесуваат една силна порака како треба што е можно побрзо да прифатиме да живееме со дијабетесот и како да научиме да водиме колку може по нормален живот во иднина.

Brochure

Union of Association of persons with Diabetes of N. Macedonia

Блог

Итен повик

Итен повик за вклучување на дијабетес тип 1 во глобални цели и општествено учество во политичката декларација HLM4

ВНИМАНИЕ! Претстојниот 4-ти состанок на високо ниво на Генералното собрание на ОН за незаразни болести и ментално здравје (4HLM), кој... read more

Камп за лидесртво

СЗДСМ со свој претставник на Младинскиот камп за лидерство во Италија организиран од IDF

За прв пат откако СЗДСМ е членка на IDF, имаме наш кампер на Младинскиот лидерски камп 2025 (#YLC) во Парма,... read more

Апел до Министерство за здравство

Дијабетичарите не се пациенти од втор ред – итен апел до Министерството за здравство!

Почитуван Министер за здравство, почитувана јавност, Веќе неколку пати укажуваме дека нашите права како пациенти со дијабетес, корисници на инсулинска терапија... read more

Офталмолошко предавање на тема: Дијабетес и очни болести, современи пристапи во дијагноза и третман

Неделава беше успешно реализирано офталмолошко предавање од проф. д-р Биљана Ивановска Аџиевска, специјалист офталмолог од Деница - Специјална очна болница... read more

Health & Fitness Forum 2025: Физичка активност и дијабетес – Потребни се дијабетес пријателски фитнес средини!?

Во рамките на Health & Fitness Forum 2025, што се одржа во Скопје, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија... read more

Трчаме за Рацин 2025 – Создаваме дијабетес култура

Со особена чест најавуваме дека годинашното издание на традиционалната трка „Трчаме за Рацин“ што ќе се одржи во Велес на... read more

Едукативен настан: Корисноста од Системите за континуирано мерење гликемија – сензори

На 7 мај во Куманово се одржа едукативен настан во организација на Здружение на дијабетичари – Куманово и Сојузот на... read more

Маркетинг

За повеќе информации за "Kористење на инсулинска терапија" или "Справување со вашиот дијабетес", ве молиме кликнете на едно од копчињата подоле.

Поддржувачи