Надзорен одбор

Надзорниот одбор врши контрола над работата на органите на Сојузот, а особено контрола над материјално-финансиското работење.

Надзорен одбор на СЗДМ:

  • Зоран Бојковски
  • Марија Кожинкоска
  • ИВиктор Лукарски

Надзорниот одбор ги има следните надлежности:

  • Донесува деловник за работа заради поефикасно остварување на своите надлежности
  • Го следи спроведувањето на Статутот и програмата за работа на СЗДСМ
  • Го следи начинот на работа на органите и телата на Сојузот
  • Ја прегледува годишната завршна сметка и други акти на организацијата
  • Предлага мерки кои треба да бидат превземени за спроведување и отстранување на неправилностите во работата на СЗДСМ
  • Врши други работи утврдени со овој Статут, интерните акти на Сојузот и актите на Собранието

Надзорниот одбор се состанува по потреба, а најмалку два пати во текот на една календарска година.

Надзорниот одбор еднаш годишно до Собранието поднесува извештај за својата работа, кој задолжително содржи извештај за спроведената контрола и надзор над законитостата на финансиското и сметководствено работење.

Сите органи и тела на Сојузот се должни, на барање на Надзорниот одбор, да достават примероци од целокупната документација со која располагаат, како и да соработуваат со Надзорниот одбор при спроведувањето на активностите на контрола и надзор