Претседател

Претседателот на сојузот е самостоен орган кој го застапува и претставува Сојузот, а за својата работа одговара на Собранието на Сојузот.

Претседателот на сојузот се избира со мандат во времетраење од 4 години, со право на реизбор на било кои наредни избори.

Претседателот на сојузот го избира Собранието на Сојузот со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Собранието.

Претседателот на сојузот се грижи работата на Сојузот да биде во согласност со Уставот, законските и останатите прописи, како и во согласност со Статутот и другите акти на Сојузот, и се грижи за спроведување на одлуките на органите на Сојузот.

Претседателот на сојузот е овластен да донесува одлуки, да извршува договори и да превзема обврски во врска со сите работи поврзани со тековните активности на Сојузот, освен одлуки чие донесување е во надлежност на Собранието и Управниот одбор.

Во рамките на својата надлежност, Претседателот на сојузот особено ги врши следниве работи:

  • Раководи со работата на Собранието и Управниот одбор на Сојузот
  • Врши координација на утврдените активности и организира редовно вршење на работите кои се извршуваат во рамките на Сојузот
  • Одговорен е за спроведување на одлуките на Собранието и Управниот одбор на Сојузот, и активно работи на обезбедување на услови за работа на организацијата
  • Афирмирање на содржините на активностите на лицата со дијабетис
  • Популаризација на спецификите на организацијата
  • Промоција на Мисијата, визијата и основните вредности на СЗДСМ
  • Наредбодавател е за извршување на финансискиот план на Сојузот
  • Врз основа на одлука на Управниот одбор отвара банкарски сметки на Сојузот
  • Го преставува Сојузот на повик, или по лична иницијатива на акциите, манифестациите, состаноците и собирите кои ги организира Сојузот, или неговите членови, меѓународните организации и националните организации, органите на државата, единиците на локалната самоуправа и останатите органи и организации, доколку е тоа во согласност со целите на Сојузот
  • Поднесува извештај за работата на Сојузот во мандатниот период
  • Одговара за финансиско-материјалното работење на Сојузот со законските прописи
  • Врши други работи во согласност со закон, овој Статут, интерните акти на Сојузот и актите на Собранието

Претседателот за одредени одлуки на Управниот одбор кои се косат со одредбите на овој Статут, може да ги стопира од реализирацијата таквите одлуки.

Претседателот на сојузот е должен по потреба, а најмалку еднаш годишно (независно од собранијата на СЗДСМ), да свика состанок на Претседателите или делегирани претставници на сите регистрирани здруженија на лица со дијабетес од Република Северна Македонија, заради информирање, расправање, консултирање и креирање на насоки во врска со прашања од поголемо значење на Сојузот.

Претседател: Димче Велев

Досегашни претседатели на СЗДМ:

  • Кирил Бабамов
  • Прим. д-р Аврам Ванковски
  • Давидко Јанков
  • Прим. д-р Благоја Димовски
  • Бојан Ќиров